ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Кога е најтешко, тука е Леброн

(ВИДЕО) Кога е најтешко, тука е Леброн

сподели

Кливленд Кавалирс го победија Мемфис со 116:111 и стигна до 11. победа во низа, оваа остварена на крилјата на својот најдобар играч Леброн Џејмс.

Кавс ја добија втората четвртина со 38:20 и на полувреме водеа со 66:52, но Мемфис во финишот стигна на 109:109. Но, на сцена стапи Леброн, ги постигна следните седум поени за својот тим, вклучувајќи ги и клучните на пет секунди пред крајот за конечна победа на својот тим.

Аплицирајте веднаш за

Тој го заврши натпреварот со 34 поени и 12 асистенции, Кевин Лав додаде 20 поени и 11 скока, а Џеј Ар Смит 17 поени.

Кај Мемфис, Тајрик Еванс беше прв стрелец со 31 поен, а Марк Гасол на овој натпревар ја мина границата од 10 илјади поени во НБА лигата.

Пред да ја почне победничката серија, Кливленд имаше негативен биланс од пет победи и седум порази, а сега е на 16-7. Екипата постигна по 100 или повеќе поени на секој од овие 11 натпревари.