ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Историска вечер за Вестбрук, Пол Џорџ беше несопирлив

(ВИДЕО) Историска вечер за Вестбрук, Пол Џорџ беше несопирлив

сподели

Расел Вестбрук и Пол Џорџ остварија трипл-дабл учиноци, во триумфот на Оклахома против Портланд со 120:111.

Тројното остварување на Вестбрук беше реализирано со асистенција за Џорџ, со што првата ѕвезда на Тандер постави рекордна НБА низа од 10 меча со трипл-дабл.

Вестбрук е единствениот што има трипл-дабл просек во две сезони, а во сезоната 2016/17 постави рекордни 42 тројни остварувања во рамките на една сезона.

Весбтрук имаше 21 поен со 14 скока и со 11 асистенции, а Пол Џорд имаше 47 поени со 12 скока и 10 асистенции за неговиот трет трипл-дабл во кариерата.