ПОЧЕТНА Други првенства (ВИДЕО) Дончиќ доби шлаканица, па си ја пееше „Деспасито“

(ВИДЕО) Дончиќ доби шлаканица, па си ја пееше „Деспасито“

сподели

Лука Дончиќ беше во центарот на вниманието на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Гран Канарија од кој неговиот тим излезе како победник со 96:72.

До 18. минута не постигна ниеден поен, а сепак заврши како најефикасен на натпреварот со 16. Но, освен тоа, Дончиќ се најде во две интересни ситуации.

Аплицирајте веднаш за

Во третата четвртина влезе во конфликт со противничкиот играч Ди Џеј Сили од кого доби шлаканица по лицето, но другите кошаркари ја смирија тензијата.

Тоа не остави длабоки траги кај Словенецот. Неколку минути подоцна, при еден тајм-аут, камерите го фатија како го пее големиот хит “Деспасито”.