ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Вориорс имаат проблеми, но победуваат

(ВИДЕО) Вориорс имаат проблеми, но победуваат

сподели

Во третиот последователен меч во кој што мораа да се борат со негатива и да бркаат пресврт, кошаркарите на Голден Стејт се радуваа со 115:108 против Јута. Дјурант постигна 28 поени со 7 асистенции, Кари имаше 24 поени, Томпсон додаде 22, а Казинс имаше 12 поени со 10 скока во победата.

На шампионот му требаше серија, направи 21:4 во последниот период, откако губеше со 91:84 на стартот на четвртата четвртина. На претходните натпревари, губеа со 17 пеорив Феникс и со 19 со Мајами.

Со вкупни 41/15, Вориорс имаат втор најдобар скор во лигата, зад Милвоки. Имаат четири победи во низа и 16 на последните 17 одиграни натпревари, но не играат течно како минатите две шампионски сезони.

Донован Мичел имаше 25 поени и 7 скока за Јута, а Руди Гобер имаше 13 поени со 16 скока за поразените, што беше неговиот 46-ти дабл-дабл сезонава.