ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Бостон се уште ја поседува Филаделфија, без разлика на се

(ВИДЕО) Бостон се уште ја поседува Филаделфија, без разлика на се

сподели

Гордон Хејворд постигна 26 поени, за триумф на Селтикс против Сиксерс, на нивен терен со 109:112. Хорфорд додаде 23 поени, а Татум 20 поени со 10 скока, во продолжувањето на доминацијата на најтрофејната НБА екипа, во меѓусебните дуели.

Иако играше без првата ѕвезда, повредениот Кајри Ирвинг, седумнаесеткратниот владетел победи во третиот меѓусебен меч сезонава, а минатата славеше со 4:1 во конференциското полуфинале.

Џоел Ембид постигна 23 поени со 14 скока за поразениот домаќин, кој што не успеа да ја продолжи победничката серија против големите екипи, по триумфите против Хјустон, Лејкерс и Голден Стејт.

Џими Батлер додаде 22 поена за Филаделфија, двете екипи сега имаат по 36 победи и 21 пораз, на 4-та и на 5-та позиција во Источната конференција, но Бостон е место погоре.