ПОЧЕТНА Балкански лиги „Вечните“ се засилија пред разврската во Купот

„Вечните“ се засилија пред разврската во Купот

сподели

Прво Звезда, потоа и Партизан, најсериозните кандидати за титулата во Купот „Радивој Кораќ“ донесоа по еден нов играч со кој ќе атакуваат на титулата во ова натпреварување.

Шампионот на Србија донесе многу поголема ѕвезда, поранешниот играч на Реал и панатинаикос и освојувач на Евролигата, Кеј Си Риверс кој во Белград дојде од италијанскиот прволигаш Реџана.

„Црвена Звезда е голем клуб со богата историја, имав можност во блиското минато да играм во Белград и видов се. Тие навивачи, таа атмосфера…

Аплицирајте веднаш за

Затоа многу се радувам што дојдов овде и подготвен сум да играм важни натпревари и да му помогнам на тимот да се врати во Евролигата. Кога менаџерот ме извести за интересот од Белград, немав дилема“, изјави Риверс.

Партизан се одлучи да вложува во иднината, ангажирајќи го 23-годишниот Огњен Јарамаз кој се врати во српската кошарка од шпанскиот Бургос. Потпиша повеќегодишен договор што е потврда дека „црно-белите“ сметаат на него на подолг рок.

Пред заминувањето во Шпанија беше член на фамозната генерација на Мега Бемакс која триумфираше во Купот на Србија во 2016 година.

Завршницата од Купот „Радивој Кораќ“ се игра во исто време со македонскиот, претстојниот викенд во Ниш. Титулата ја брани Партизан.