ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вардар се израдува на првата победа

Вардар се израдува на првата победа

сподели

Повратникот во Првата кошаркарска лига во шестото коло го скрши малерот и се одлепи од екипите кои уште не се израдувале на триумф.

На гостувањето кај Шкупи, Вардар славеше со 67:77 благодарение на фантастичната последна четвртина во која го скршија отпорот на противникот.

Аплицирајте веднаш за

Шкупи, кој е без победа оваа сезона, одлично се држеше 34 минути, на шест минути пред крајот имаше и четири поени предност, но тука застана. Со серија од 11:0 за две минути Вардар го сврте резултатот во своја корист и поведе со 62:69. На две минути пред крајот предноста достигна и +10 (65:75) колку што изнесуваше и на крајот.

Најдобриот играч оваа сезона во редовите на Вардар, Џуниус Провел повторно беше прв стрелец со 20 поени, а Ивановиќ, Михајлоски и Радош постигнаа по 12.

Кај Шкупи, само Рангелов и Тасков имаа двоцифрен поентерски ефект, но премалку за чаирскиот клуб да се надева на победа.