ПОЧЕТНА АБА Будуќност го преслуша и Партизан, не го дава врвот

Будуќност го преслуша и Партизан, не го дава врвот

сподели
aba-liga.com, Buducnost VOLI.

Црногорската екипа останува лидер во АБА лигата со 9 победи и со само еден пораз по 10 кола во регионалното натпреварување, наметнува темпо што не се знае дали и самата ќе го издржи.

Последната жртва на залетаниот состав на нашиот поранешен селектор, Александар Ѓикиќ беше неговата омилена и поранешна екипа каде што ја доживеа тренерската афирмација, Партизан.

Будуќност славеше со 86:79, клучна беше серијата 7:2 кога на 3 минути до крајот, гостите од Белград се доближија на 79:77. Немања Гордиќ беше најдобар поединец на мечот со 19 поени, 5 асистенции и 3 скока.