ПОЧЕТНА АБА Браќата на Лонѕо Бол доаѓаат во Скопје!?

Браќата на Лонѕо Бол доаѓаат во Скопје!?

сподели

Семејството Бол, чиј најпознат член е вториот пик на последниот НБА драфт Лонѕо, го претвори својот живот во сапунска серија и тоа благодарение на најстариот – Лавар.

Периодов Лонѕо е во длабока сенка на своите браќа Лианџело и Ламело. Првиот (19 години) е повлечен од Универзитетот УЦЛА каде што не одигра ниедна минута сезонава, на инсистирање на таткото. Иако кошаркар, Лианџело стана познат откако беше уапсен во Кина за кражба на ексклузивни очила.

Лонѕо Бол и Кајл Кузма во дресот на Лејкерс.

Вториот, 16-годишникот беше повлечен уште од средно училиште. Татко им Лавар одлучил тие веднаш да почнат да играат професионална кошарка.

Аплицирајте веднаш за

Такво нешто не е можно во НБА во моментов, па двајцата активно се нудат на европски и азиски клубови. Се зборуваше за литванскиот Лиеткабелис, се чека разврска од Јапонија, а интересна е и хрватската Цедевита.

Информацијата за Цедевита ја објави ренормираниот кошаркарски портал Спортандо, но не е познат одговорот од хрватскиот првак.

Ако Цедевита ја прифати можноста да ги ангажира младите кошаркари, двајца претставници од семејството Бол би можеле да гостуваат во Скопје, пред крајот на сезоната во АБА лигата.

Според распоредот, Цедевита доаѓа во Македонија на 5-ти март во 21-то коло од регионалното натпреварување.