ПОЧЕТНА ФИБА Братко Чавдар, честито победа пред МЗТ Скопје

Братко Чавдар, честито победа пред МЗТ Скопје

сподели
FIBA

Бугарија славеше на гости кај Исланд (74:77) во второто коло од квалификациите за СП, што е прва победа за нашиот источен сосед и за играчот на Работнички, Чавдар Костов кој што е еден од лидерите на бугарската селекција.

Со овој триумф Бугарите се на третата позиција во групата, зад Чешка со две победи и Финска со една победа и еден пораз. Поважно за нив е што извојуваа триумф кај ривалот за третата позиција и ќе може да се борат со Финците за втората, ако Чесите се фаворити во групата.

FIBA

Неговите бројки во дресот на неговиот национален состав, кој што нема учество на европските самити од 2011-та, а на светските од првото и единствено учество 1959-та кога ја освои 7-та позиција, се солидни.

Аплицирајте веднаш за

Бугарскиот интернационалец сезонава е статистички втора виолина на нашата најтрофејна екипа, неговото присуство на паркетот има огромно влијание врз играта на Работнички на двата краја на теренот.

eurobasket.com

Триумфот со националниот состав и добрата игра на Чавдар Костов се само продолжување на неговата форма од стартот на новиот наш шампионат.

Тогаш, Марин Докузовски изјави дека играчот на кој што инсистираше да биде дел од неговата екипа сезонава, е најдобро (физички) подготвен од сите кошаркари што ги има на располагање.

FIBA

Добрите бројки, статистички показатели и форма на Костов, може само да ги радуваат симпатизерите на Работнички, пред вечното дерби со МЗТ Скопје, кое што се игра во Аеродром на 6-ти декември.