ПОЧЕТНА АБА Бојан Трајковски е сериозно повреден и може да оди на операција!!!

Бојан Трајковски е сериозно повреден и може да оди на операција!!!

сподели
aba-liga.com

Состојбата со нашиот репрезентативец сепак не е наивна како што се мислеше на почетокот. Членот на МЗТ Скопје Аеродром има големи проблеми со хернија на препоните и не може да игра со полна пареа, поради што се појави на прозивката на националниот состав, но не беше дел од екипата на дуелите со Словачка и Швајцарија.

Според информациите од лекарскиот тим на нашиот шампион, Трајковски ќе биде во составот следниов период, но најверојатно нема да игра со Фени Индустри (30.11.2017) во македонскиот шампионат и кај Цедевита (02.12.2017) во АБА лигата, потоа ќе игра со Работнички во домашното првенство (06.12.2017), нема да игра кај Кожув во мечот од Првата лига (09.12.2017) и ќе се врати на теренот за дуелот со Морнар (10.12.2017) во АБА лигата.

„Од тие два натпревара што ќе ги одигра Трајковски, зависи како ќе се одвива ситуацијата со него. Ако повредата се влоши, крилниот центар сигурно ќе оди на интервенција.

По операција на препоните, рехабилитацијата е индивидуална работа и трае најмалку 2 месеца, а ќе се потсетиме дека Марко Симоновски од истиот хируршки зафат се рехабилитираше 3 месеци.“ – за basketball.mk изјави Слободан Николиќ, докторот на МЗТ Скопје.

Аплицирајте веднаш за

За хернија не постои блокада и нема инјекции со кои што би се ублажиле болките, а и да има, таквите обиди во поголемиот број случаи се со контраефект, односно повредите стануваат посериозни затоа што нема адекватен сигнал (болка) до централниот нервен систем, колку всушност телото може да издржи под напор.

Во тековниот период Бојан Трајковски не тренира со екипата, туку оди на специјални тренинзи во теретана и на терапии, со цел да ја зајакне мускулатурата околу абдоменот што би требало колку-толку да ја амортизира оваа повреда, со која што се соочува играчот на МЗТ Скопје Аеродром.