ПОЧЕТНА А Репрезентација БОГАТСТВО: Ричи е нашето црно злато!

БОГАТСТВО: Ричи е нашето црно злато!

сподели
fiba.basketball

Не ни треба нафта, не ни треба рудник, ни требаш ти и само ти! Не ни треба друг странец, додека си ти во топ форма и додека ти сакаш да играш за Македонија!

Ричард Хендрикс е олицетворение на еден вистински (потребен) натурализиран кошаркар, кој што без многу помпа и големи слушалки на ушите, доаѓа, се смешка, повлечено си брка своја работа и си заминува со печат на досието – job done.

fiba.basketball

Во Приштина, Хендрикс царуваше под двата коша, во скок играта каде што сме најтенки ако играме сами, со наши домашни кошаркари. Немаме класична петка, па да пукнеш!

Аплицирајте веднаш за

Затоа, тука е Кинг Ричард, кој што за 26 минути на паркетот имаше 10 поени со 12 скока. Најмудра беше одлуката во последните минути да играме изолација на него, тој да игра 1 на 1 под кошот на противникот.

Не ги реализира најдобро слободните, имаше 2/7, но поентира кога ни требаше. Од оние 4/11 за два поена, три или четири промашени шутеви се од одбојка, кога си поигруваше под кошот на Косово.

fiba.basketball

Промашениот шут за три поени беше изнуден, кога беше заглавен во аголот на теренот. Имаше валоризација 13, четврта најдобра во нашиот состав.

Имаше 1 асистенција, 2 украдени и немаше загубена топка. Одете па најдете подобар играч, што подобро ќе се вклопи во нашава филозофија.

Ричи, ју ар д мен! Тенк ју!