ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Блокотехна се подобра, почна и да победува во Бугарија

Блокотехна се подобра, почна и да победува во Бугарија

сподели

По двата пораза во дуелите со Рилски, гевгелискиот тим го оствари првиот триумф против една бугарска екипа во подготовките за новата сезона.

Жртва на Блокотехна беше Балкан кого нашиот тим го совлада во Ботевград со 72:76.

Натпреварот го карактеризираа осцилациите во играта на двете екипи, што е и нормално во оваа фаза од подготовките.

Аплицирајте веднаш за

Домаќинот беше подобар на почетокот од мечот, Блокотехна направи пресврт во втората четвртина, Балкан пак ја презеде контролата над резултатот во третиот период, а нашиот тим го зададе завршниот удар и дојде до победата. Всушност, победникот беше одлучен со серијата од 13:3 на почетокот од последната четвртина по која гевгеличани поведоа со 69:63 и до крајот не го испуштија водството.

Трет натпревар по ред најефикасен во тимот е Данило Мијатовиќ кој постигна 13 поени, Главчев, Николиќ и Глигоријевиќ реализираа по 11, а Гаидис и Младеновиќ по 10.

Останува уште еден натпревар на Блокотехна во Бугарија и тоа против Академик.