ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Блокотехна научи како се победува Фени во Кавадарци

Блокотехна научи како се победува Фени во Кавадарци

сподели

И вториот гевгелиски тим оствари победа во второто коло од македонското првенство.

По триумфот над МЗТ Скопје, Блокотехна славеше и на гостувањето кај Фени Индустри со 66:76. Тоа е прва победа за оваа екипа во Кавадарци во првенствен натпревар откако минатата сезона загуби во салата “Јасмин” во последното коло од основниот дел на шампионатот.

Аплицирајте веднаш за

На овој меч домашната екипа почна подобро, во деветтата минута водеше со 20:14, но не успеа долго да ја задржи предноста. Со серија од 23:4 Блокотехна не само што го презеде водството, туку на средината од вториот период водеше со 24:37. До крајот на мечот Фени не успеа да се доближи на помалку од осум поени негатива.

Домаќините многу лошо шутираа за тројка, погодија само 6 од 29 обиди. За Блокотехна најголем проблем беа слободните фрлања (4/11), но затоа оваа екипа погоди 54% од ударите од игра што е одличен ефект.

Младеновиќ имаше своја вечер, постигна 19 поени, а Мијатовиќ додаде 17. Кај Фени, Фандербурк со 13 поени беше најефикасен кошаркар.