ПОЧЕТНА НБА „Батлер ефектот“ почна да се чувствува во Филаделфија

„Батлер ефектот“ почна да се чувствува во Филаделфија

сподели

Сиксерс почнаа да ги исплаќаат вложените средства за Џими Батлер. По неговиот драфт имаше стравувања кај пошироката јавност за тоа колку е подготвен и способен да биде лидер, колку ќе успее да се наметне како главен играч, бидејќи прва ѕвезда и миленик на навивачите е Џоел Ембид и уште многу други прашања кои полека почнаа да добиваат одговор.

Џими Батлер за помалку од два месеца колку што е во составот на 76ерс, со своите одлични настапи, достојни за еден Ол-Стар играч, почна да станува омилен лик кај фановите, но што е уште поважно стана вистински лидер на паркетот, дури и во ситуација кога Ембид е на паркетот.

Аплицирајте веднаш за

Со 38 поени, 6 скока и 6 асистенции го предводеше својот тим до значајна победа на тешкото гостување кај Детроит со 111-117. Кај гостите се истакнаа нивните најдобри поединци Грифин со 31 и Драмонд со 21 поени.

Бруклин по 4 години конечно успеа да го победи Торонто во меѓусебен дуел (106-105), во натпревар кој беше решен во дополнителниот период. Расел со 29 поени ги предводеше Нетс до победата. Ленард со 32 поени и Валанчиунас со 24 поени беа најдобри кај поразените.

Од преостанатите резултати треба да се истакне победата на Сан Антонио против ЛА Лејкерс со 133-120. Најдобар поединец кај Спарс беше Дерозан кој уфрли 36 поени. Леброн Џејмс беше најефикасен кај Лејкерс со 35 поени.