ПОЧЕТНА Женска кошарка Бадел 1862 домаќин на турнир од кадетската ВАБА лига

Бадел 1862 домаќин на турнир од кадетската ВАБА лига

сподели

Кадетската екипа (М17) на Бадел 1862, ги продолжува натпреварите од регионалната ВАБА лига, овој пат во улога на домаќини.

Вториот од трите предвидени турнири ќе се одржи во спортската сала „Независна Македонија“ во населбата Кисела Вода утре со почеток во 12 часот. На него, покрај Бадел 1862,  ќе учествуваат уште бугарската Славија и хрватскиот Загреб.

Првиот турнир се одржа минатиот месец во Софија и на него Бадел 1862 оствари една победа (над Марибор со 74:62) и еден пораз (од Цинкарна Цеље со 65:88). Покрај утрешниот турнир, нашиот тим ќе биде домаќин и на третиот во оваа конкуренција кој ќе се одржи на 17 декември.

Аплицирајте веднаш за

На него, покрај Бадел 1862, ќе учествуваат и Ловќен Будуќност и Рагуза.

Распоред на натпревари:
Бадел 1862 – Славија 12 ч.
Славија – Загреб 14:15 ч.
Бадел 1862 – Загреб 16:30 ч.