РЕГИОН

Бадел со историска прва победа во WABA лигата

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот.

Најтрофејната женска екипа во нашата кошарка забележа триумф на гостувањето кај Бановиќи со 57:70 и ја прокнижи првата радост во регионалното натпреварување, по 32 пораза во претходните 32 настапа во оваа лига во која долго време беше наш единствен претставник.

ЖКК Бадел е првата екипа од нашата земја, со победа во оваа силна меѓународна женска лига. Наградата доаѓа за вербата на челниците и на актерите во овој наш спортски колектив, кои успеваат долги години да го одржат Бадел 1862 во врвот на македонскиот спорт.

Ивана Кметовска беше лидер во овој триумф со 24 поостигнати поени и со 6 скока, Александра Стојановска имаше 18 поени, а Цветанка Димовска регистрира од 16 поени со 10 скока.

По три кола во новата сезона во WABA лигата, екипата на Бадел има скор од една победа и два пораза. Следен натпревар во календарот, е гостувањето кај Баскет Кам во домашната лига.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top