ПОЧЕТНА Евролига Атаман бара преигрување, ама ги побркал работите

Атаман бара преигрување, ама ги побркал работите

сподели

Тренерот на Анадолу Ефес јавно се побуни против судиите на натпреварот против Реал Мадрид кој неговиот тим го загуби со 82:84.

Тој беше незадоволен поради една нивна одлука во третата четвртина која, според него, била клучна за триумфот на гостинскиот тим.

На три минути пред крајот на третиот период, при водство на Ефес со 69:54, на центарот на турскиот тим Брајант Данстон му беше досудена техничка грешка поради флопинг по што Томпкинс изведе слободно фрлање, но не погоди. Потоа следуваше она што не му се допадна на Атаман.

Аплицирајте веднаш за

Во моментов кога на Данстон му беше досудена техничка грешка, на Реал му остануваа 4,3 секунди за напад, а по слободно фрлање топката отиде на страничен аут и часовникот беше вратен на 14 секунди.

Тренерот на Ефес сметаше дека тоа не е правилна одлука, но заборавил една работа. Според новиот правилник кој е усвоен пред почетокот на оваа сезона, во моментот кога се свири техничка грешка, часовникот навистина се враќа на 14 секунди во корист на тимот кај кого е топката.

Да биде иронијата на Атаман поголема, Реал од тој напад не ќари ништо бидејќи освен тоа што Томпкинс го промаши слободното фрлање, во продолжение од акцијата Козер не успеа да реализира.

Освен тоа, натпреварот не може да биде преигран затоа што претставници на Анадолу Ефес го потпишаа записникот по натпреварот и не поднесоа никаква жалба.