ПОЧЕТНА АБА АНТОЛОГИСКИ СПОМЕНИ: Заборавете с(в)е и сите на ЕМ-ЗЕ-ТЕ, како некогаш со Реал

АНТОЛОГИСКИ СПОМЕНИ: Заборавете с(в)е и сите на ЕМ-ЗЕ-ТЕ, како некогаш со Реал

сподели
infobeto.com

Убавите спомени нема никогаш да избледат и никој не може да ни ги земе. Искрените сакачи на кошарката во Македонија, навиваат за се што е македонско, за се што е наше, кога игра со туѓо. Недела (24.03.2019) е денот кога МЗТ Скопје ќе се бори за влез во АБА2 финалето.

Се сеќаваме на полната лименка, каде што зовреа ѕвездите на најтрофејната европска екипа. Тогаш (1996/97) почна „да му паѓа косата“ на сегашниот стратег на Кралскиот клуб, Пабло Лaсо кој што беше плејмејкер во тоа време.

Се сеќаваме и на стартот на мечот со Загреб (1997/98), кога тогашната голема надеж на хрватската кошарка, Јосип Сесар ја слушна навивачката песна на Фемили и вчудоневиден од она што го виде, по мечот изјави – „Ваква атмосфера нема никаде“.

Се сеќаваме на топката што излезе од обрачот со Ратиофарм, тројката на Перо Блажевски и потоа слободните фрлања на Врба, кога почна (1996/97) европската славна приказна на металците. Тоа не беше случајно, тоа беше од Бога дадено.

Да оставиме вакви спомени и за идните поколенија, да се слуша за македонската кошаркарска публика насекаде, како тогаш. Не е важно кој за кого навива, сите што не се закоравени би требало вистински да ја сакаат оваа преубава игра.

Таквите искрени љубители на кошарката, му требаат на МЗТ Скопје, а МЗТ Скопје им треба ним – врската е взаемна, двонасочна, даваш-земаш, играш-навиваш – нема поинаков начин и нема поубаво чувство.