ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Актерите од сенка, на вечното дерби

Актерите од сенка, на вечното дерби

сподели

Меѓу МЗТ Скопје и Работнички, никогаш немало непознати. Секогаш, двете страни знаеле се, една за друга. Не може да биде поинаку, затоа што повеќето од играчите кои што играат во нашата лига, особено домашните, биле дел од двата табора.

Тука е убавината на спортот, на кошарката, на ваквите мечеви. Да играш против некој што те познава во срж и да го изненадиш. Токму тој фактор, изненадувањето, ќе биде клучен за исходот во натпреварот меѓу лутите ривали.

Во анализата пред големиот натпревар, се обидовме да ја доловиме фактичката ситуација и да ги истакнеме најсилните адути на сините и црвените од Скопје. Но, не ги споменавме скриените потенцијали, на вечните ривали.

Бојан Трајковски и Никола Павличевиќ – силата на МЗТ, е во нашите репрезентативци и во силните странски засилувања.
Аплицирајте веднаш за

За МЗТ Скопје нема што да се анализира и јасно е дека сите 12 играчи се од врвен калибар, барем за наши услови. Работнички, пак, има поединци за кои што индивидуално МЗТ нема одговор.

Одморни, уморни, малку, многу, квалитетни или неквалитетни мечеви, се паѓа во вода, кога ќе се истрча на „бојното поле“, каде што ќе преживеат само најстабилните, психички и физички.

Николиќ (во средина) е претставникот на клупата на Работнички, која што мора да даде 200% од можностите, ако најтрофејниот сака победа во „Јане Сандански“.

Тука доаѓаме до клучот на првото дерби сезонава, дуел по кој што екипите ќе се запознаат, како ќе одминува времето во сезоната ќе се уигруваат и ќе сраснуваат како колективи. Сега му е мајката, едниот да го изненади другиот и да го зададе првиот удар.

Тука, неблагодарна улога ќе имаат резервистите на Работнички. Од нив и само од нив, ќе зависи конечниот резултат на првата епизода од новиот серијал меѓу Работнички и МЗТ, што, ако се остварат најавите и прогнозите на Тодоров, ќе биде мелем за нашите кошаркарски рани. Нема НБА лига без Бостон и Лејкерс.

Уште едно име што може да влијае на конечниот резултат, е Кирил Николовски кој што дојде од Карпош Соколи. Ако новиот центар на Работнички има свој напаѓачки ден, ќе гледаме натпревар со многу поени.

Не дека Кире е непознат за тренерот Александар Тодоров и за МЗТ Скопје, туку неговиот придонес како последно засилување на големиот противник, е се уште неиспитан и е енигма за сите, па и за Работнички.

Може да зборуваме и да пишуваме до бесвест, може да сме или да се правиме експерти. Кога ќе почне натпреварот, магијата што со себе ја носат кошарката и ваквите мечеви, сама ќе каже што и како и колку.

Наше е, да бидеме в сала, од 17:45 во Аеродром…