ПОЧЕТНА АБА Аеродром е далеку од Загреб, МЗТ уште подалеку од Звезда

Аеродром е далеку од Загреб, МЗТ уште подалеку од Звезда

сподели
фото: aba-liga.com, Cedevita, Marin Susic.

Ако во најавата за натпреварот на нашиот шампион на гости кај Цедевита во 10-та регионална рунда, потајно посакавме да се повтори мадридското сценарио од 10-то коло во елитната европска лига, ќе констатираме дека такво нешто, во моментов, е невозможно.

aba-liga.com

Причини за поразот на МЗТ Скопје кај Цедевита има повеќе, но клучна е доцната селекција со која што металците ќе се обидат да се борат за што подобар резултат на сите полиња, предизвикана од општествените случувања кои што немаат допирна точка со спортот.

Екипа што се создава во средината на сезоната игра тешко, а тоа е особено евидентно во квалитетните натпреварувања, каква што е регионалната кошаркарска лига.

фото: aba-liga.com, Cedevita, Marin Susic.
Аплицирајте веднаш за

Нема оправдување за негативната низа од 6 порази, ваква каква што е, но многу нешта можеа да бидат поинакви, ако ростерот беше комплетиран многу порано.

Во хрватската престолнина МЗТ одигра само една добра четвртина, имаше и една катастрофална, а Цедевита е преискусна и преквалитетна екипа да не го искористи тоа.

aba-liga.com

Никола Павличевиќ со 18 (6 асистенции, 5 скока) и Радосав Спасојевиќ со 14 поени (9 скока) беа статистичките лидери на нашиот претставник. Марко Симоновски постигна 8, а Доминик Мавра 7 поени.

aba-liga.com

Ѓорѓе Мајсторовиќ имаше 6 поени, најновото име Дарко Соколов постигна 5 поени, Дамјан Стојановски постигна 4 поени, Бојан Трајковски играше повреден и реализира само 3 поени (6 скока).

aba-liga.com

Победникот беше предводен од Џанан Муса кој што реализира 18 поени, во 11-та редоследна победа на хрватскиот шампион, против македонскиот, последниве 6 години колку што овие две екипи играат меѓу себе.

Аеродромци го запишаа осмиот пораз и се заковани на дното со само две победи. Цедевита останува при врвот со седмата победа, има и три порази по 10 кола во АБА лигата.