ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Аеродромци на гости во Барселона

Аеродромци на гости во Барселона

сподели

Дел од младинските екипи на македонскиот шампион, се во каталонската престолнина каде што гостуваат со цел да стекнат драгоцено меѓународно искуство.

Овие деца, уште од најрана возраст ќе се запознаат со животниот стил на клубовите во кошаркарски поразвиените земји и ќе ги испитаат силите на мегдан со врсниците.

Генерацијата на МЗТ Скопје Аеродром, родена 2004/05 не поздрави со неколку фотографии од појадокот, во очекување на двата дуела против екипата на Хувентуд.