ПОЧЕТНА АБА АВ Охрид се предаде без испукан куршум

АВ Охрид се предаде без испукан куршум

сподели
Реми Бери, единствениот што одигра нешто против Теодо (фото: AV Ohrid/Mega Production)

АВ Охрид и по седмото коло, останува единствената екипа без победа во АБА 2 лигата.

Скалпот на македонскиот претставник во регионалното натпреварување му го зеде и црногорскиот тим Теодо, кој што во Охрид славеше со 101:82.

Аплицирајте веднаш за

Охриѓани скапо ги чинеше очајното прво полувреме, во кое што примија 61 поен.

АВ Охрид падна буквално без испукан куршум бидејќи единствениот период кога беше резултатски конкурентен беа првите 90 секунди. По водството од 2:1, Теодо направи серија од 10:0, а веќе во седмата минута водеше со 23:8.

Сите дилеми околу победникот, завршија по првата четвртина која што тимот од Тиват ја доби со 33:15.

Единствениот кошаркар во редовите на АВ Охрид кој ја спаси честа беше францускиот интернационалец, Реми Бери.

Тој постигна 35 поени и оствари индекс 37 и повторно, како многу пати досега сезонава немаше помош од соиграчите.

Кај Теодо немаше толку истакнат поединец, но најефикасен беше Секуловиќ со 18 поени.