ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА АВ Охрид го преживеа Провел

АВ Охрид го преживеа Провел

сподели
фото: ohridnews.com

По триумфот против Шкупи, ланскиот учесник во АБА 2 ја оствари втората победа оваа сезона во Првата македонската кошаркарска лига.

Дербито на долниот дел од табелата му припадна на АВ Охрид кој пред своите навивачи славеше со 83:80. Натпреварот го одбележа драматичниот финиш во кој и Вардар имаше своја шанса за победа, но не ја искористи.

Аплицирајте веднаш за

Двете екипи имаа свои моменти на мечот, на Вардар му припадна поголем дел од првото полувреме, а охриѓани го диктираа темпото во вториот дел. Кога во 34. минута АВ Охрид поведе со 70:60 се чинеше дека отпорот на „црвено-црните“ конечно е скршен.

Но, на сцена стапи Американецот во редовите на Вардар, Џуниус Провел кој во последната четвртина постигна 14 од вкупно 22 поена на својата екипа. Тој со помош на Прентовиќ и ги донесе гостите во водство од 79:80 на 28 секунди пред крајот по серијата од 8:0.

Но, токму Провел на крајот излезе трагичар бидејќи по кошот на Атанасов за 81:80, во следниот напад се заби во одбраната на АВ Охрид и му беа досудени чекори. Откако Хил погоди две слободни фрлања, повторно Провел ја забави акцијата, малку му избега топката и мораше да асистира до Ивановиќ кој не успеа да погоди тројка за продолжение.

Кевин Хил постигна 24 поени и 11 скока и беше убедливо најдобар поединец во редовите на победничкиот тим. Кај Вардар, освен Провел, се истакна и Радош кој го заврши натпреварот со 20 поени.

*видео: ohridnews.com