ПОЧЕТНА ЕВРОПА Звезда повеќе ни дома не е сигурна

Звезда повеќе ни дома не е сигурна

сподели
Blic

Домашниот терен порано беше главен адут за шампионот на Србија и АБА лигата. Оваа сезона воопшто не е така – Црвена Звезда загуби од Асвел со 72:74 по продолжение и сега има повеќе порази, отколку победи пред сопствените навивачи (2/3).

Звезда имаше предност од 65:58 на нешто повеќе од две минути пред крајот на основниот дел. До крајот не успеа да постигне ниеден поен, а прими седум и натпреварот отиде во продолжение. Во дополнителните пет минути посигурни беа гостите од Франција и дојдоа до својот прв триумф на гостински терен оваа сезона.