ПОЧЕТНА ЕВРОПА Звезда пак со истата песна: АБА е пред распад!

Звезда пак со истата песна: АБА е пред распад!

сподели

Саша Павличиќ Бекиќ, дисциплинскиот судија на регионалното натпреварување го казни бранителот на титулата со 18 илјади евра поради пропусти во организацијата на натпреварот со Партизан. Покрај тоа Звезда мора да затвори делови од трибините на претстојниот меч на домашен терен.

Во своето образложение Павличиќ Бекиќ навел дека навивачите на Звезда ги навредувале противниците играчи и тренерите, фрлале предмети на теренот и се обиделе да го нападнат судијата.

Во Звезда, очекувано, полудеа на оваа одлука. Тврдат дека Павличиќ Бекиќ не е формално поставен на својата функција и уште еднаш се заканија дека АБА лигата е пред пропаст. А, казната што ја добија „црвено-белите“ е за само 3.000 евра поголема во однос на МЗТ Скопје чии навивачи направија дааааааалеку помал инцидент.

Целото соопштение на белградскиот клуб можете да го прочитате на линкот на Твитер.