ПОЧЕТНА ЕВРОПА Звезда не се задоволува со просек, сака тренер со титула во Евролигата

Звезда не се задоволува со просек, сака тренер со титула во Евролигата

сподели
фото: Crvena zvezda mts

Андрија Гавриловиќ е само привремено решение за клупата на српскиот шампион по заминувањето на Милан Томиќ.

Тоа им беше јасно на сите со оглед на фактот што сезоната е почната и тешко е сега да се реагира на испразнето тренерско место. Раководството на Црвена Звезда веќе ја почна потрагата, а според медиумите во Србија, изборот паднал на поранешниот тренер на Барселона и Панатинаикос, Чави Пасквал.

Наводно, каталонскиот стручњак е веќе на преговори со Звезда, но интерес за него покажува и Валенсија која лошо ја почна сезоната, нема победа во Евролигата, а не и оди најдобро ни во домашното првенство.

Чави Пасквал е еден од најуспешните тренери во Европа последните 15 години. На клупата на Барса беше од 2008 до 2016 година и со неа освои четири титули во АЦБ лигата и една во Евролигата. Со ПАО триумфираше во домашното првенство.

Во моментов тој е можеби најбарано име во европската кошарка ако се знае дека од минатиот декември е без работа затоа што доби отказ од Панатинаикос по 2,5 сезони на клупата.