ПОЧЕТНА СП 2019 Зошто, сине Бруте? За пари, нормално…

Зошто, сине Бруте? За пари, нормално…

сподели
FIBA

Селекцијата која од сите кошаркарски има најмногу „јаничари“, е репрезентацијата на САД. Во модерниот свет, големите спортски организации измислија натурализирање на играчи, со цел тие да настапуваат за други земји. Тука најмногу профитираат „трето-или-петто-разредните“ играчи на оваа држава, кои си наоѓаат место под туѓо небо.

Дел од овие натурализирани кошаркари со потекло Американци, играат за европски пасоши со што ги избегнуваат даноците и играат како домашни во европските лиги, а дел од нив се солено наградени од страна на федерациите за носење на туѓиот дрес.

Таков ќе биде примерот со Скоти Вилбекин, кој ќе настапува за репрезентацијата на Турција, против селекцијата на САД, во рамките на второто коло во првата фаза по групи. Тој не играше против Јапонија, во победата на Турците во првото коло.

Турција, пак, е една од селекциите што има многу кошаркари во најмала рака со сомнително потекло. За Илјасова спореше узбекистанската федерација која го загуби случајот со турската, Осман е роден во Охрид и растеше во БиХ…

Да не зборуваме за француската репрезентација, за германската, за … Но, кога сето ова е дозволено со закон, значи дека не е забрането или не е грев, барем не de iure. Е сега, кој како се чувствува, тоа е нешто сосема друго, нели?