ПОЧЕТНА Европски првенства Зошто Авдија не игра за Србија?

Зошто Авдија не игра за Србија?

сподели
Sportklub.rs

МВП на последното европско првенство во А дивизијата, за кошаркари до 20 години, е Дени Авдија, синот на некогашниот кошаркар на Црвена звезда, Зуфер Авдија.

Во едно интервју за српските медиуми, таткото на несудиениот српски репрезентативец објасни зошто неговиот син не игра за нашиот северен сосед:

„Дени е роден во Израел, неговата мајка е Израелка. Тој настапуваше за сите младински селекции на Израел. Зборувавме на таа тема и тој реши дека подобро ќе му биде да настапува за земјата каде што е роден.

Во спротивно, ќе имаше многу административни проблеми, на пример со воениот рок и слично, а вака добива статус на врвен спортист во Израел и има одредени предности во животот во оваа земја.

Не е тајна дека зборував и со селекторот на А селекцијата, Александар Ѓорѓевиќ за евентуален настап на Дени во А репрезентацијата на мојата родна земја, но не договоривме ништо конкретно.“ – се зборовите на Зуфер Авдија.

Зуфер е роден во Приштина, по потекло е Горанец или србин-муслиман и има двојно државјанство, израелско и српско.

Неговиот син Дени е најмладиот играч што го облекол дресот на Гордоста на Израел, Макаби, на еден официјален натпревар.