ПОЧЕТНА Во позадина Знаете ли што значат иницијалите на патиката на Дончиќ?

Знаете ли што значат иницијалите на патиката на Дончиќ?

сподели

Најдобриот дебитант во НБА лигата од минатата сезона на фантастичен начин ја почна новата натпреварувачка кампања, постигнувајќи 34 поени и 9 скока на првиот меч против Вашингтон.

Но, пред овој меч фотографите забележаа еден интересен сегмент на неговата патика каде беа испишани четири букви: АММХ. Медиумите во Словенија открија за што станува збор.

Тоа е акроним од иницијалите на трите најважни жени во животот на Дончиќ и неговото куче: девојката АнаМарија, мајката Мирјам, бабата Милена и песот Хуго.