ПОЧЕТНА Некатегоризирана Златното момче ја предводеше Фуријата до нова победа во подготовките

Златното момче ја предводеше Фуријата до нова победа во подготовките

сподели
Sports Illustrated

Во триумфот против Доминиканската Република со 102:70, Рики Рубио имаше 20 поени од кои 14 во првото полувреме, со 6 асистенции во 20 минути поминати на паркетот. Вили Ернангомез имаше 13 поени, а Марк Гасол 12.

Шпанија го почна натпреварот со серија 12:0, на полувремето имаше водство од 51:35. Пред последните 10 минути, некогашниот европски и светски шампион имаше предност 82:50. Шпанците очекуваат медал на претстојното СП.