ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: Жито Вардар-Куманово (1999)

(ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: Жито Вардар-Куманово (1999)

сподели

Ситуацијата со корона вирусот не принуди да останеме во своите домови, во очекување да се среди состојбата.

Времето не мора напразно да се троши, може да се искористи и за учење кошарка или гледање на некои натпревари од веќе подалечното минато. Поточно, од времето кога во Македонија беа полни салите на кошаркарските натпревари, без разлика дали станува за дуели од домашното првенство или европските купови.

Ова е натпреварот меѓу Жито Вардар и Куманово одигран на почетокот од 1999 година. Во двете екипи играа голем број искусни кошаркари, некои од нив репрезентативци на Македонија во тој или претходниот период.

Сепак, ни Куманово, ни Жито Вардар таа сезона не се вмешаа во борбата за трофеите, а ситуацијата во која се наоѓаа двата клуба беше тотално спротивна. Кумановци почнаа со градење тим кој три години подоцна стигна до финалето на плеј-офот и таму загуби од Работнички.

За Жито Вардар таа сезона беше почеток на крајот бидејќи четири години подоцна клубот престана да функционира. Буџетот беше се помал, странците се послаби, а сето тоа почна да се одразува и на пласманот. Својот пик велешкиот тим го достигна во сезоната 96/97 кога играше во финалето од плеј-офот, против Работнички.

SUBSCRIBE

https://www.youtube.com/channel/UCmUu1wGF6WxEI1DFyil_e7A?sub_confirmation=1&fbclid=IwAR0Pxp83nFwRaoG5MVX7_yl27Y6nfGEIvR73hExbIMiVu6EfB0AcN6z7O-M