ПОЧЕТНА СВЕТ Зајон: Премногу сум возбуден, може и да не заспијам

Зајон: Премногу сум возбуден, може и да не заспијам

сподели
twitter.com/BleacherReport

По тримесечно чекање, првиот пик на последниот драфт конечно ќе го има своето деби во НБА лигата. Атлетското чудо одигра четири натпревари за Пеликанс со претсезоната каде бележеше просек од 23.3 поени и 6.5 скока по натпревар со одлична реализација од 71%, пред да замине на операција на менискусот на десното колено.

Првичните информации беа дека 19-годишникот ќе пропушти 6-8 седмици, но процесот на рехабилитација дополнително се зголеми, a Зајон мораше повторно да учи да оди.

„Во повеќе наврати сакав да удрам во ѕид или да шутнам некое столче… Фрустрирачки е да не можеш да се движиш на начинот на кој што сакаш“, изјави Зајон за американските медиуми

Денот дојде, дебито на првиот пик ќе биде на вечерашниот натпревар против Сан Антонио, а возбудата не ја криеше ниту Зајон кој изјави дека може и нема да заспие ноќта пред натпреварот.