ПОЧЕТНА ЕВРОПА Жената на промашениот македонски репрезентативец, го враќа во Турција

Жената на промашениот македонски репрезентативец, го враќа во Турција

сподели

Најавеното големо засилување за македонската репрезентација во претквалификациите (2017) за светското првенство (2019), што беше историска шанса да се пласираме на еден светски самит, повторно ќе игра во земјата каде што го „пронајдовме“. Џордан Теодор (29, 283) се договори(л) со истанбулската екипа Бешикташ.

По една ипол сезона во Милано и половина во АЕК, американскиот плејмејкер кој што беше еден од најслабите странци во нашата репрезентативна историја, по бракот со турската кошаркарка Туба Ташчи, ќе се врати во лигата од која го ангажиравме (Банвит) како МВП во ФИБА Лигата на шампионите (2017).