ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ждрепка за новата сезона: Работнички во првото коло гостува во Аеродром!

Ждрепка за новата сезона: Работнички во првото коло гостува во Аеродром!

сподели
kfsm.mk

Кошаркарското првенство на Македонија стартува претстојниот викенд, а во КФСМ беше одреден редоследот на натпреварите.

Веќе во првото коло вицешампионот ќе гостува во Аеродром, но не кај првиот, туку вториот тим на МЗТ Скопје кој сезонава дебитира во елитата.

Првиот круг нема класично дерби, освен тоа што МЗТ Скопје, првакот на Македонија гостува кај амбициозниот Кожув во Гевгелија.

Новото првенство почнува претстојниот викенд, на 12-ти октомври.

ДВОЈКИ ЗА 1-то КОЛО:

Кожув – МЗТ Скопје
МЗТ 2 – Работнички
Гостивар – Академија ФМП
Вардар – Еуроникел
Куманово – Пелистер