ПОЧЕТНА СВЕТ Заврши сезоната за Стеф Кари!?

Заврши сезоната за Стеф Кари!?

сподели

Најдобриот играч на актуелниот вицешампион во НБА лигата најверојатно нема да заигра повеќе во оваа натпреварувачка кампања, објавија американските медиуми повикувајќи се на извори од Голден Стејт Вориорс.

Неодамна Кари доживеа скршеница на дланката и се очекуваше да биде надвор од терените извесен период, но не и дека ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Ако ова се оствари Вориорс ќе бидат на големи маки. Одамна е познато дека Клеј Томпсон, исто така, нема да игра до крајот на сезоната, а неодамна се повреди и Дрејмонд Грин кој ги скина лигаментите на дланката и го очекува долга пауза.