ПОЧЕТНА Некатегоризирана Заврши руската епизода на Чачо

Заврши руската епизода на Чачо

сподели

По две сезони во ЦСКА Москва, Серхио Родригез го напушти актуелниот европски првак и почнува нова етапа во кариерата.

Рускиот клуб имаше опција до 12-ти јули да ја активира клаузулата за продолжување на соработката на уште една сезона, но јасно му порача на Родригез дека тоа нема да се случи.

Шпанскиот интернационалец веќе има низа понуди за продолжување на кариерата, а многу веројатно ќе се врати во татковината. Најсериозен кандидат за неговиот потпис е Уникаха која има солиден буџет за новата сезона и Чачо е прв приоритет.

Родригез нема да настапи на претстојното Светско првенство бидејќи, како што му порачал на селекторот Скариоло, во моментов не е подготвен да игра за националниот тим и смета дека е време помладите да добијат шанса.