ПОЧЕТНА Некатегоризирана Заслужена награда, по реткото остварување

Заслужена награда, по реткото остварување

сподели
euroleague.net

Tриумфот на завршниот турнир на елитното европско натпреварување, значеше уште еден пехар во рацете на грчкиот стратег. Тој го доби и признанието за тренер на годината, по титулата во Евролига.

Иако ова се очекуваше, натпреварувањето под капата на УЛЕБ и официјално му го предаде одличјето „Александар Гомељски“. По разочарувачката претходна сезона, во минатата Димитрис Итудис успеа да ги разбуди своите играчи и да ја направи Москва повторно горда.

Победата за осмата клупска тиутула беше уште послатка затоа што во полуфиналето беше совладан најтрофејниот европски тим Реал Мадрид, а во финалето тимот што го елиминира Фенербахче, Анадолу Ефес.

euroleague.net

Итудис (48) ја освои втората титула како прв тренер, двете со ЦСКА Москва (2016). Гркот е само третиот човек на планетава што успеал седум пати да го допре престижниот пехар, има пет титули како асистент на Обрадовиќ во Панатинаикос.

Тренерот на ЦСКА им се придружи на Жељко Обрадовиќ (3), Пабло Ласо (2) и Еторе Месина (2), со две или повеќе награди Тренер на годината, а рекордер според овие признанија е клубот каде што сега кормилар е Итудис (2), а некогаш беше Месина.