ПОЧЕТНА НБА Засилување за шампионот за петтиот натпревар

Засилување за шампионот за петтиот натпревар

сподели

Голден Стејт Вориорс нема право на грешка на следните три натпревари ако сака и трета година по ред да ја освои титулата во НБА и да влезе во одбрано друштво на франшизи на кои им успеало тоа.

Торонто води со 3:1, но во петтиот меч што се игра во Канада најверојатно ќе настапи и еден од најдобрите играчи во лигата Кевин Дурант. Тој вчера тренираше првпат по пауза од еден месец, а најавите од Голден Стејт и од американските новинари се дека ќе биде во составот.

Колку ќе може да помогне и во каква физичка форма се наоѓа, никој не знае, но шампионот ионака нема што да загуби.

Дурант беше најкорисен играч во финалните серии минатите две години кога Голден Стејт ги освојуваше титулите. Оваа сезона во просек постигнуваше по 26 поени во основниот дел од лигата и 34,2 поена во плеј-офот.