ПОЧЕТНА ЕВРОПА Жалгирис во тешка криза!

Жалгирис во тешка криза!

сподели
euroleague.net

Литванската кошаркарска гордост никако да победи во Евролигата. Валенсија му го нанесе седмиот пораз во низа, совладувајќи го во Каунас со 82:86 пред преполни трибини.

Последниот триумф на Жалгирис во елитното европско натпреварување е од 1 ноември кога беше подобар од Фенрбахче, па не е чудо што се наоѓа на делба на последната позиција, со Зенит.

Лабејри со 22 поена беше прв стрелец на натпреварот, а Колом додаде 12. Во тимот на Жалгирис, Улановас реализира 16.