ПОЧЕТНА ЕВРОПА Жалгирио ги изеде Кралевите

Жалгирио ги изеде Кралевите

сподели
euroleague.net

Литванскиот синоним за кошарката славеше против Реал со 86:73, во преполната арена која редовно е затната до последното место, на сите преку 15.000 столчиња кои се обоени во зелено. Зак ЛеДеј имаше 26 поени за победникот.

Рендолф постигна 15 за Шпанците, кои не ја пренесоа максималната форма од АЦБ лигата и на европско тло. Мадриѓаните имаа 8 победи на сите официјални средби од стартот на сезоната, сега се 2/1 во Евролига, а домашните имаат 1/2.