ПОЧЕТНА СВЕТ Зајон ветува чуда!

Зајон ветува чуда!

сподели
фото: Pelicans

Не само поради последната победа на Пеликанс, против Јута со 128:127 во која тој постигна 26 поени со 5 скока и една асистенција за нешто над 23 минути игра. Вилијамсон игра маестрално во првите три меча на неговата прва НБА екипа, во дебитантската (прет)сезона.

Во победата против Чикаго имаше 29 поени со по 4 скока и асистенции (125:127) за 27 минути на паркетот. Во победата против Атланта (109:133) имаше 16 поени со 7 скока и 3 асистенции за 28 минути игра. Сезоната уште не е почната, а тој веќе е лидер на франшизата од Њу Орлеанс.