ПОЧЕТНА Некатегоризирана Загорац ја смрзна Звезда, Партизан остана во живот

Загорац ја смрзна Звезда, Партизан остана во живот

сподели
фото: MONDO/Stefan Stojanović

Израмнето е во финалето од српското првенство по два натпревара од серијата меѓу вечните ривали.

Црвена Звезда ги имаше сите услови да поведе со 2:0, имаше 70:72 на шест секунди пред крајот на вториот меч, но не го одбрани последниот напад. Дозволи да прими тројка и сега резултатот е 1:1.

Херој на „црно-белите“ беше Раде Загорац кој ја погоди клучната тројка иако претходно одигра еден од своите најлоши натпревари оваа сезона. До најважниот момент постигна само два поена со шут од поле 1/8 (0/6 за три), а индексот му беше во минус.

Сепак, кога најмногу требаше тој ја презеде одговорноста, шутна преку Берон и му донесе победа на својот тим од 73:72.

Третиот натпревар од финалето се игра на 15-ти јуни, формален домаќин е Црвена Звезда која ја ќе има поддршката од своите навивачи.