Директен дуел за второто место во групата Б ќе има во последното коло од јуниорската АБА лига.
МЗТ Скопје против Приморска за тоа кој ќе и прави друштво на Црвена Звезда на завршниот турнир од пва натпреварување. На нашиот тим му требаше победи на Задар против Словенците, но до тоа не дојде. Приморска славеше со 71:64 и сега има биланс од две победи и два пораза.
Сепак, мора да се знае дека оваа екипа досега ги победи најслабите во групата – Задар и Морнар, а МЗТ Скопје има и триумф над Цедевита Олимпија која во словенечката пресметка победи со еден поен разлика.
На аеродромци им треба победа за сигурно да се пласираат на завршниот турнир, но се чини дека и пораз може да заврши работа. Натпреварот против Приморска се игра на 1 декември од 11:45 часот, од 9:30 на програмата е дуелот меѓу Морнар и Олимпија.
Со евентуална победа на Словенците, на МЗТ Скопје за второто место ќе му биде доволен и пораз до шест поени разлика.