ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА За своето издание, Столе награден со МВП признание

За своето издание, Столе награден со МВП признание

сподели
фото: ALMEvreux (Officiel)

Нашиот интернационалец во Франција полека ги освојува срцата на навивачите и сите љубители на кошарката во Евре, гратче оддалечено околу 100 километри од Париз.

Во новата година влезе многу мотивирано, но и многу ефикасно, а кулминацијата ја достигна во дербито со Руен кој е еден од најжестоките ривали на Евре. Ѓуроски постигна 20 поени, со релативно добар шут од поле 6/10, а со индекс 23 беше најкорисен играч на натпреварот.

По 16 кола Евре е на 15-тото место, а главна цел до крајот на сезоната ќе биде да обезбеди опстанок.