ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ФОТО) За најдобрите кошаркари – најдобри услови

(ФОТО) За најдобрите кошаркари – најдобри услови

сподели
фото: КФСМ

Кошаркарската федерација се погрижи националниот тим да ги има најдобрите услови за реализација на планот на подготовките за настапите во февруарскиот квалификациски циклус.

Веројатно како никогаш досега, стручниот штаб, играчите и другиот лекарски и технички персонал имаат на располагање се што им е потребно за работа при подготовките во овој февруарски „прозорец“ на ФИБА. Она што раководниот тим на федерацијата го најави, е и целосно испочитувано.

Од првиот момент репрезентативците се чувствуваат како да се дел од некој елитен тим од Европа или НБА лигата и самите тоа постојано го потенцираат. Селекторот Тодоров и неговите избраници можат мирно да ги реализираат планираните активности во овие десетина дена пред натпреварите со Естонија (20 февруари), односно Русија (23 февруари).