ПОЧЕТНА СП 2019 За малку не сведочевме на историја

За малку не сведочевме на историја

сподели
FIBA

Светското првенство во Кина е 18-то по ред, овие шампионати се играат 69 години, а никој досега не успеал да оствари трипл-дабл.

Најблиску до тоа беше Џо Инглс на натпреварот против Сенегал на кој Австралија триумфираше со 81:68. На кошаркарот на Јута Џез му недостасуваше една асистенција за да дојде до трипл-дабл, но заврши со 17 поени, 10 скока и 9 додавања за кош.

За Австралијците е поважно тоа што победија со 81:68 и со два триумфа обезбедија пласман во следната фаза од првенството. Натпреварот го решија со серија од 21:8 во третиот период по што повеќе немаше дилеми за победникот.

Најефикасен беше Пети Милс со 22 поена. Кај Сенегал, Ксане Далмеида реализира 14, но оваа африканска селекција веќе нема шанси за пласман во главниот дел од Светскиот шампионат.