ПОЧЕТНА Во позадина За Ленард нема кафе во Лос Анџелес и стриптизерки во Торонто

За Ленард нема кафе во Лос Анџелес и стриптизерки во Торонто

сподели
yahoo.sports

Спектакуларниот трансфер на најкорисниот играч од финалната серија во НБА лигата го подели Ел Еј како никогаш досега.

Навивачите на Лејкерс се почувствуваа загрозени од својот градски ривал кога станува збор за борбата за шампионската титула иако и претходните шест сезони оваа франшиза немаше тим што може да се бори за трофејот.

Во битката се вклучија и компании во Лос Анџелес кои најавија непослушност кон Кави Ленард и некои негови соиграчи. Прв се јави синџирот кафетерии Алфред Кафе кој јасно порача дека досегашниот кошаркар на Торонто не е добредојден кај нив.

„Го задржуваме правото да не ги послужиме Ленард, Пол Џорџ или кое било лице поврзано со Лос Анџелес Клиперс“, стои во соопштението од оваа компанија.

Но, незадоволство од заминувањето на Ленард изрази и стриптиз клубот Занзибар од Торонто. Сите членови на Торонто Репторс имаа понуда за бесплатен „танц во крило“, освен новиот играч на Клиперс. Забраната за услуги кон него важи и во иднина.