ПОЧЕТНА НБА За легендарните Коби и Вејд едвај место во најдобрите на 21-от век?

За легендарните Коби и Вејд едвај место во најдобрите на 21-от век?

сподели
bleacherreport.com

Играчот што освои два прстена „сам“ без ниту една друга голема НБА ѕвезда во ростерот на Лејкерс и три со Шекил О’Нил со кого беа еден од најспектакуларните тандеми во историјата на кошарката, едвај се најде во третата петорка на втората деценија од веков.

Откако официјално заврши и 2019-та натпреварувачка година, Коби Брајант беше официјално избран од страна на НБА лигата заедно со Двејн Вејд, Пол Џорџ, Ламаркус Олдриџ и Јанис Адетокумбо, дури во третата постава.

Во втората се најдоа Крис Пол, Расел Вестбрук, Ентони Дејвис, Блејк Грифин и Кармело Ентони, а во првата петорка се Стеф Кари, Џејмс Харден, Кевин Дјурант, Кави Ленард и Леброн Џејмс.

Yahoo! Sports

Ѕвездата на Мајами освои два прстена во 4 финалиња од 2011-та до 2014-та, кога со Леброн Џејмс беа дуото што ја движеше НБА лигата и на чии контри со тач-даун пасови се воодушевуваа сите што ја знаеја и не ја знаеја кошарката.

Без разлика кои се критериумите за ваквото рангирање на играчите, според статусот и остварувањата на играчите овие поделби или не треба да се прават, или не смее вака да се „сквернават“ имињата на играчите што оставиле длабок печат во НБА лигата, без разлика што споменатите се години кога Брајант и делумно Вејд, беа на залезот на кариерите.