ПОЧЕТНА Репрезентации За крај – уште еден тежок удар за Американците!

За крај – уште еден тежок удар за Американците!

сподели
EPA-EFE/ADAM S DAVIS

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович го објави конечниот список на играчи за претстојното Светско првенство во Кина, а на него недостасува уште едно важно име.

Мундијалот ќе го пропушти Кајл Кузма кој доживеа повреда на скочниот зглоб, веројатно на вториот пријателски меч против Австралија во Мелбурн.

Во отсуство на голем број мега-ѕвезди играчот на Лос Анџелес Лејкерс требаше да биде еден од носителите на играта, но ќе мора да ја чека следната шанса за настап во репрезентацијата.

САД ќе одиграат уште еден меч во Австралија, против Канада, но се знае списокот од 12 кошаркари за Мундијалот. Тоа се: Барнс, Браун, Херис, Лопез, Мидлтон, Мичел, Пламли, Смарт, Тејтум, Тарнер, Вокер и Вајт. Американците се во групата Е, со Турција, Чешка и Јапонија.